top of page
Writer's pictureХЕЛТИКА ФАРМ

ТОП 5 убијци на Колагенот во човечкото тело

Updated: Nov 4, 2021

Колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело. Може да се најде во мускулите, коските, кожата и човечките тетива. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно. Често се велидека на 20-годишна возраст имате кожа што сте ја наследиле, на 40- тата кожата што ја заслужувате и на 60-тата кожа што сте ја заработиле. Значи, може да се родите со најдобрата кожа, но вашиот животен стил внатрешен и надворешен, личен и социјален, одлучува што заслужувате и заработувате.

Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.


Убиец # 1: Време

По 25 годишна возраст, телото почнува да губи просечно 1,5% колаген годишно. Истражувањата покажуваат дека до 40-годишна возраст, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. Со 60-годишна возраст е намален за повеќе од 50%. Отсуството на соодветни количества на колаген не се случува одеднаш. Никој не добива брчки или остеопороза преку ноќ!

Ова е процес кој започнува на возраст од 25 до 30 години и почнува да се манифестира силно на возраст од 45-50 години. Поради таа причина, колку порано го зајакнете колагенот во телото со Doc Collagen, толку побргу ќе ја третираме заканата од времето. Старите велат “Подобро да се спречи, одколку да се лечи“.


Убиец # 2: Преголема изложеност на Сонце

Ова може да изгледа како прилично очекувано, но премногу луѓе занемаруваат секојдневно да користат млеко или крема за сончање. Многу луѓе изгледаат постаро, од нивната вистинска возраст, бидејќи нивната кожа е предвреме остарена и “скршена”. Директната УВ-изложеност може да им наштети на колагенските фибробласти.

Долгорочната експозиција на сонце може да предизвика оштетување и деградација на колаген и еластин, побрзо од нормалното.

Преголемата изложеност на сончевите зраци исто така може да резултира со хиперпигментација или дури и болни изгореници. За да се избегне предвремено стареење на кожата, треба да се избегнува пролонгирана изложеност на сонце, да се користи млеко или крема за сончање дури и во зимски услови, и секако треба да имаме на ум дека Doc Collagen е моќен сојузник кој го снабдува телото со скапоцен колаген изгубен од сончевото зрачење.

Убиец # 3: Пушењето

Пушењето е еден од најлошите непријатели на кожата. Ја задушува кожата оставајќи ги кожните ткива без кислородот, кожата станува сува со сив тен. Пушењето, исто така, предизвикува линии околу устата и очите. Кожата на пушачот старее прерано а ова се должи на уништувањето на колагенот во телото. Уништувањето на колагенот е многу побрз процес во случај на пушач отколку кај луќето кои конзумираат цигари. Покрај тоа, пушењето оштетува речиси секој дел од нашето тело, како што се срцето, црниот дроб, белите дробови и крвните садови, кои се составени главно од колаген. Течниот орален колаген Doc Collagen е неопходен прехранбен додаток за пушачи кои поради нивната штетна навика имаат потреба од надополнување на колаген во нивните тела.

Убиец # 4: Промена на телесната тежина

Дали некогаш сте го слушнале изразот “вие сте, тоа што јадете?” Па, ова е особено точно кога станува збор за вашата кожа. Нашата кожа не е еластична спрега, така што драстичното зголемување или намалување на телесната тежина најверојатно ќе резултира со стрии, целулит, висната кожа и сл. Затоа секогаш е препорачливо да се обидете да одржувате стабилна тежина, да ги избегнувате јо-јо диетите и да ја намалите тежината полека чекор по чекор. Вишокот на тежина, меѓу другите сериозни последици, сериозно влијае и на зглобовите принудувајќи ги да носат поголема тежина од онаа за кое се изградени. Како што зглобовите се обидуваат да се справат со вишокот на тежина, колагенот во периартикуларната област и самиот зглоб се изложени на висок степен на абење.


Убиец # 5: Стрес

Постојат два вида на стрес и двата се подеднакво штетни што се однесува до здравјето на кожата и убавината.

Стрес од околината е предизвикан од УВ зрачењето и загадување на околината а пред се на воздухот, што го остава човечкото тело ранливо и изложено на слободните радикали. Слободните радикали се одговорни за појава на брчки, предвремено стареење кожата, умирање на клетките на кожата предизвикано од недостаток на колаген.

Емоционалниот стрес, исто така, се изразува на кожата. Емоционалниот стрес, исто така, ја лишува кожата од суштински кислород и хранливи материи и може да ја влоши секоја кожа како акни. Ако се случи да имате многу стрес во вашиот живот, обидете се и најдете начин да ја ублажите оваа тензија, и секако редовно консумирајте Doc Collagen.

Внесување на колаген во Вашиот живот.

Нашите предци внесувале големо количество на колаген, како природен начин на живот, бидејќи нивната традиционална диета инкорпорирала јадење на речиси целото животинско. Едноставно кажано, тие јаделе многу животински делови, како што се кожата, тетивите, коските и лигаментите.

За Ваша среќа, денес не треба да изедете целото животно или пак животински делови, за да го зајакнете колагенот во вашето тело. Денеска го имате Doc Collagen додаток во исхраната.

Doc Collagen со биоактивни колаген пептиди Peptan, збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар.

Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони.


Пептидите Peptan се карактеризираат со комбинација од 18 клучни амино киселини, со особено висока концентрација на Глицин 24%, Пролин/Хидроксипролин26%, Есенцијални Аминокиселини 18%, Глутаминска Киселина 7%, Аргинин 10%, Аланин 8%.


Овој специфичен состав на аминокиселините обезбедува колаген пептиди со функционални својства кои не можат да се најдат со други протеински извори. Пептидите Peptan се биодостапни и лесно сварливи, што овозможува над 90% од колаген пептидите да се абсорбираат во телото, во рок од неколку часа од внесување (ингестијата).

Колагенот во комбинација со витамините и минералите придонесува во:

  • Придонесува во одржување на поцврста, сјајна, мека, еластична и мазна кожа.

  • Придонесува во зголемување на хидрацијата на кожата за 28%, намалување на микробразите за 26% и зголемување на еластичноста на кожата за 19%.

  • Придонесува во регенерација и зараснување на тетивите и на лигаментите.

  • Придонесува за одржување на здрави зглобови и коски.

  • може да поттикне зголемена синтеза на хондроцити (‘рскавични клетки), што доведува до зголемено производство на агрекан и колаген тип 2, двете главни компоненти на’ рскавицата. Ова може да ги редуцира деградирачките ефекти на ‘рскавицата при остеоартрит.

  • Придонесува во намалување на болката и симптомите кај состојби на остеопороза ги стимулира остеобластите, се враќа природната еластичност и цврстина на коските,

  • Придонесува спречување на негативните ефекти на саркопенија (губење на мускулната маса).

  • Придонесува за одржување на здрави нокти и здрава и цврста коса.

  • Придонесува во подобрување на имунолошкиот систем.

  • Придонесува во подобрување на циркулацијата.

Doc Collagen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење наменет за возрасни лица со извонреден вкус на јагода и не содржи шеќер, засладен со Стевија.


Let's Health!

Здравје и енергија, виталност и убавина.


15,414 views0 comments

Recent Posts

See All

留言


bottom of page