top of page
Татјана Павлова, Магистер по Нутриционизам

Нутритивна поддршка при инфекција со Helicobacter pylori

Helicobacter pylori е бактеријата која се колонизира и расте во епителното ткиво на гастроинтестиналнит тракт (ГИТ) каде предизвикува промени во желудечната средина, и претставува ризик фактор за појава на гастритис, улкус (чир) а исто така е вклучена и во развојот на канцер на желудникот.


Доколку човековиот организам еднаш биде инфициран, опстојувањето на бактеријата е доживотно а најкритичен период за инфекција претставува детството. Во индустријализираните земји, скоро 50% од возрасната популација е инфицирана со H. Pylori, додека во земјите во развој преваленцата е поголема и се движи околу 90%.


По инфицирањето кога ќе се создадат поволни услови за нејзин развиток се менува pH вредноста во желудечната средина па од тука доаѓа до намалена достапност на хранливи материи и појава на одредени имунолошки реакции и промени кои предизвикуваат нарушувања во составот на целокупниот микробиом. Третманот се состои од антибиотска терапија која сама по себе може да доведе до нарушување на цревната флора, а постојат и случаеви кога самата бактерија пројавува отпорност на антибиотската терапија.


Симптоми

Поголемиот дел од луѓето со инфекција со H. pylori немааат никакви симптоми и незнаат дека се инфицирани.


Повремени и благи симптоми на H. pylori се:

  • Надуеност.

  • Подригнување.

  • Гадење.

  • Абдоминална непријатност.

  • Повраќање.

Посериозните инфекции може да предизвикаат симптоми на H. pylori вклучуваат:

  • Стомачна болка.

  • Замор.

  • Горушица.

  • Гадење и повраќање кои може да вклучуваат повраќање крв.

  • Темна или катнеста столица.

  • Дијареа.

  • Лош здив.

  • Анемија (низок број на црвени крвни зрнца).

  • Намален или губење на апетитот.

  • Пептични улкуси.

Конвенционален третман со H. pylori.


Со цел да се дијагностицира инфекција со Helicobacter pylori, потребно е вашиот лекар изврши соодветно тестирање за да се утврди присуство на H. Pylori. Постојат три типа на тестови и тоа тест на здив за H. pylori, тест на столицата или тест на крвта.


Третманот за H. pylori обично вклучува неколку лекови, а најмалку два од нив се антибиотици. Другите лекови се обично намалувачи на киселина.

Конвенционалната медицина вели дека еден антибиотик можеби нема да ги убие бактериите, така што тие обично користат најмалку два во исто време.


Конвенционалниот третман на H. pylori, исто така, обично вклучува редуктори на киселина како есомепразол, ланзопразол, омепразол или пантопразол, особено ако пациентот има симптоми на чир или горушица. Исто така, најчесто се препорачува бизмут субсалицилат. Дополнително, вашиот лекар може да препорача и лекови за блокирање на хистамин за намалување на стомачната киселина. Третманот обично трае 14 дане по што потребно е повторно да се направи тест за да се утврди успешноста. Доколку сеуште е евидентно присуство на H. Pylori третманот се продолжува уште 2 недели.


Исхраната при инфекција со Helicobacter pylori


Доколку се соочуваме со инфекција од H. Pylori начинот на исхрана е еден од корисните алтернативни методи кој може да ни помогне во третманот и намалувањето на нејзината колонизацијата при што би ги спречиле нејзините несакани последици.


Нутритивната поддршка која треба да ја примениме се состои преку елиминиација на храна која содржи поголема количина сол, помасна, преработена и конзервирана храна (кисела, сушена, чадена или солена), храна која содржи нитрити и нитрозамини, да го намалиме внесот на црвено месо, а исто така да направиме промени и во навиките од секојдневното живеење како што се пушењето, консумацијата на кафе и алкохол.


Храна на која треба да и дадеме приоритет при ваква состојба е првенствено исхрана богата со антиоксиданти. Внесот на овој вид храна влијае на намалувањето на оксидативниот стрес, а може да биде ефективен и во борбата со инфекциите предизвикани од H. Pylori. Првенствено тоа се овошјето и зеленчукот со црвена боја богати со природниот каротеноид ликопен. Постојат студии кои покажале дека внес на храна богата со ликопен го спречува оштетувањето на клетките инфицирани со H. Pylori.


Во оваа категорија е и куркумата (Curcuma longa) која го содржи куркуминот, полифенолно соединение со широк спектар на корисни ефекти, како што се антиоксидантивни, антиинфламаторни, антиканцерогени, антигабични и антимикробни својства, потоа лукот (Allium sativum L.), кој содржи 33 сулфурни соединенија, особено алицинот кој претставува ефикасен борец со слободните радикали против разни болести, крстоцветните растенија како зелка, брокула, карфиол, потоа боровинките, ѓумбирот, црното семе и др.


Значајно место завзема и храна богата со пробиотици т.е природно ферментирана храна (ќефир, природно ферментирани зеленчуци...). Пробиотиците се живи микроорганизми кои што врзани за одредени рецептори во епителното ткиво на ГИТ имаат улога да го намалат воспалението предизвикано од H. Pylori. Заедно со препорачаната антибиотска терапија учествуваат во поефикасно искоренување на H. Pylori, и земаат учество во намалување на несаканите ефекти поврзани со третманот.


Храна богата со Витамин Ц, чија биорасположливост е значајна во борбата со H. Pylori. Овој витамин кој е од суштинско значење на организмот му е достапен и преку внес на свежа храна (овошје и зеленчук), и на тој начин учествува во зголемување на имунолошки одговор во елиминирање на слободните радикали.

Chios mastiha (или мастика) е скапоцен камен од Егејот, сладок, чист кристал произведен од ароматичната смола на дрвото Мастика (mastic). Ова дрво е извонредно ретко и расте само во јужниот дел на грчкиот остров Хиос, во источниот Егеј. Лековитите својства на Мастика се познати повеќе од 2.500 години, а денес потврдени со многубројни клинички студии. Од античко време Chios mastiha (или мастика) се користи како лек за нарушувања на гастроинтестиналниот тракт.

Станува збор за природна, ароматична смола, која се лачи во форма на солзи од стеблото и големи гранки на дрвото мастика, на површинските засеци направени од лозарите. По 15-20 денови, под влијание на временските услови, смолата кристализира. Кристалите се собираат а од нив се добива прашок кој може да се консумира во форма на капсули или прашок растворен во вода.


Chios mastiha е признаена како заштитена ознака за потекло (PDO) производ од страна на ЕУ.


Chios mastiha (или мастика) содржи многу корисни биоактивни соединенија. Главните се тритрепенските киселини (како што е изомастиадиенолчна киселина), тритерпените, а-пинен, β-мирцен, б-кариофилин, лимонен и алил алкохол. Овие соединенија се природни антибиотици и тие имаат силно антиинфламаторно, антибактериско и антиоксидантно дејство.


Chios Mastic помага во борбата со многу патогени бактерии, но исто така и со габи, како што се разни видови на кандида.

  • Придонесува во намалување на симптомите од воспалително заболување на цревата (IBD).

  • Придонесува во намалување симптомите на Кронова болест и да ја подобри општата благосостојба.

  • Помага во отстранување на инфекција со Helicobacter pylori.

  • Помага во заздравување на чирови.

  • Помага при варењето на храната.

  • Придонесува во намалување симптомите на гастритис.

  • Помага во борбата со многу патогени бактерии, но исто така и со габи, како што се разни видови на кандида.

  • Придонесува во намалување нивото на холестерол.

  • Придонесува во подобрување на оралното здравје.

  • Претставува природен антиоксиданс, антимикробно и антиинфламаторно дејство.

Doc Mastic e:

  • Природен производ.

  • Погоден за вегетаријанци.

  • Без шеќер.

  • Без сол.

  • Без Скроб.

Тринеделен протокол за третирање на Helicobacter pylori:

  • Недела 1: 1050mg 6 капсули Doc Mastic на ден, на празен стомак наутро.

  • Недела 2: 2100mg 12 капсули Doc Mastic на ден, поделено на две дози земени на празен стомак (земете 6 капсули наутро и 6 капсули пред ручек).

  • Недела 3: 3150mg 18 капсули Doc Mastic на ден, поделено на три дози земени на празен стомак (земете 6 капсули наутро, 6 капсули попладне и 6 капсуливечер).

Doc mastic е достапен во сите подобро снабдени приватни аптеки.



Користена литература:

  1. Öztekin M., Yılmaz B., Agagündüz D. & Capasso R., (2021). Overview of Helicobacter pylori Infection: Clinical Features, Treatment, and Nutritional Aspects. Disease, 9, 66. https://doi.org/10.3390/diseases9040066;

  2. Haley P.K. & Gaddy A. J., (2016). Nutrition and Helicobacter pylori: Host Diet and Nutritional Immunity Influence Bacterial Virulence and Disease Outcome. Hindawi Publishing Corporation Gastroenterology Research and Practice, Article ID 3019362, 10 pages http://dx.doi.org/10.1155/2016/3019362;

  3. Duynhoven & Jonge (2001). Transmission of Helicobacter pylori: a role for food? Bulletin of the World Health Organization, 79:455–460;

  4. Hołubiuk Ł. & Imiela J., (2016). Diet and Helicobacter pylori infection. Gastroenterology Rev;11(3):150–154 doi:10.5114/pg.2016.61487;

7,434 views0 comments

Comments


bottom of page