Зошто хијалуронската киселина е важна за кожата ?
Хијалуронската киселина претставува природна состојка која се наоѓа во кожата и која има извонреден капацитет да задржува поголема количина на влажност со што допринесува за изглед на здрава кожа.
Придобивки од хијалуронската киселина.
Како старееме, нашата кожа ја губи постепено способноста за одржување на влажноста, што резултира во губиток на цврстината и здравиот изглед на кожата. Хијалуронската киселина ја враќа влажноста на кожата која е круцијална за изглед на младешка и еластична кожа. Истовремено, го ревитализира надворешниот слој на кожата, и таа е помека, мазна и блескаво хидрирана со што се намалува појавата на брчки.
Натриум хијалуронатот се добива од хијалуронската киселина и ги има истите бенефити, но многу полесно се реапсорбира. Ова не ги прави едната подобра од другата,
всушност доколку продуктот ги содржи и двете има придобивки бидејки кожата има бенефит од двете состојки.
Во козметичкиот свет, во делот за нега на кожата има многу нови и тренди производи кои се јавуваат на пазарот но не се задржуваат долго. Хијалуронската киселина не е една од нив, напротив, таа претставува една од најволшебните состојки за кожата. Има смирувачко, хидрирачко и антиоксидативно дејство, погодна за сите типови кожа дури и за кожа склона кон акни и розацеа. Има моќно anti-age дејство и е една од премиум состојки за хидратација дури и на масна, чуствителна кожа.
Хијалуронската киселина е глукозааминоглукан, модерен назив за една витална природна состојка која го поддржува младешкиот изглед на кожата. Како надреден на глукозааминоглуканот, хијалуронската киселина работи и делува да го зачува секој аспект на кожата обновен и заштитен. Истот така има и одличен капацитет да ја одржува влажноста на кожа.
Магијата базирана на науката се темели токму на способноста на хијалуронската киселина да ја надополнува влажноста, во големи количини!
Еден грам на хијалуронска киселина може да апсорбира дури до 6 л вода. Тоа е навистина неверојатно! Но што е уште поимпресивно е дека тоа го прави на начин кој воопшто не ја оптоварува кожата со премногу течност. Изненадувачки, но премногу течност вишокот на вода, претставува проблем за кожата бидејки се нарушува интактноста на кожата како бариера. Способноста на хијалуронската киселина да ја одржува влажноста има клучна функција кога станува збор за процесот на стареење.
Како старееме, нашата кожа ја губи способноста да ја задржува влагата. Резултатот е губиток на еластичноста и цврстината на кожата. Хијалуронската киселина ја враќа природната влажност на кожата и истовремено ја ревитализира кожата и таа добива изглед на помека, помазна и исклучително хидрирана, со знашително намалување на брчките и другите недостатоци.
Други придобивки од хијалуронската киселина.
Нашата кожа страда секојдневно од изложеност на сончевите зраци, штетни влијанија од околината кои ја оштетуваат површината на кожата. Употребата на хијалуронската киселина во дневните anti-aging рутини ги намалува овие влијанија. Во нашите истражувања откривме уште еден фасцинирачки податок- таа има антиоксидативно дејтво против сите штетни влијанија од околината. Тоа го нарекуваме anti-age продукт со повеќе функции.
Како што може да се забележи, хијалуронската киселина е погодна за сите типови на кожа. Доколку имате масна или комбинирана кожа, чистиот раствор на хијалуронската киселина е погоден. Оваа формулација е исклучително лесна за кожата. Исто така таа е многу нежна кога станува збор за чуствителната кожа склона кон иритации. Има природно смирувачко дејство.
По возраст од 25 години или поради болест и повреди, производството на хијалуронска киселина во телото се намалува. Произведената хијалуронска киселина има релативно пониска молекуларна маса и нејзината ефикасност во телото е исто така намалена. Ова доведува до зголемено триење на зглобовите, ‘рскавицата и мускулите. Кожата станува тенка, го губи волуменот и еластичноста, кожата станува дехидрирана, а ова создава предуслови за развој на брчки.
Хијалуронска киселина често се препорачува од страна на дерматолози, ортопеди и други лекари, а допринесува да се подобри текстурата и изгледот на кожата, намалување на болките во зглобовите и други симптоми поврзани со стареењето.
Во текот на изминатите две децении, клиничките истражувања покажаа дека корисните функции на хијалуронска киселина вклучуваат хидратација, подмачкување на зглобовите, капацитет за полнење на празнината во ткивото и помеѓу клетките, што допринесува за градење рамка преку која клетките мигрираат, допринесува за брза регенерација на ткивото и брзо заздравување на рани, регулирање на активирањето на воспалителни клетки (намалување на воспаление во организмот), подобрување и зајакнување на имунолошкиот систем, одржување на епителните клетки на кожата и сл.
Doc Hyaluronic Acid 95% чиста хијалуронска киселина, произведенa по пат на Био-ферментација на микроорганизми и не содржи животински елементи. Doc Hyaluronic представува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење кој се одликува со висока молекуларна тежина од ~ 1.500.000 Далтони, што овозможува брза апсорпција и висока ефикасност во организмот. Хијалуронската киселина внесена орално во најголем процент завршува во кожата и зглобовите.
Хијалуронската киселина допринесува за длабока хидратација и еластичност на кожата, здраво функционирање на зглобовите, анти-воспалително дејство. Подобрување на функцијата на мускулно-скелетен систем.
Doc Hyaluronic Acid е корисен во следниве телесни функции:
Мускулно-скелетен систем.
Ги подмачкува зглобовите, со што се намалува триењето и ја подобрува нивната мобилност.
Ги штити зглобовите, мускулите и ‘рскавицата против стареењето.
Ги апсорбира вибрациите што се јавуваат за време на вежбањето, и додека зглобовите се движат воопшто.
Го намалува воспалението со ублажување на болката.
Кожа.
Дава влажност на кожата и притоа и овозможува младешки изглед,.
Ја зголемува еластичноста на кожата.
Спречува настанување на брчки.
Помага да се создаде ново ткиво со спречување на лузни.
Помага за заздравување на раните.
Очи.
Обезбедува влага во очите и им помага да останат чисти, подмачкани и здрави.
Кардиоваскуларен систем.
Може да допринесе во навлажнување и подмачкува срцеви залистоци.
Doc Hyaluronic Acid се препорачува на:
За мажи и жени над 25 години.
Секој кој има проблеми со зглобовите.
Жените во менопауза кои чувствуваат замор или болка во зглобовите.
Секој постар од 50 години, за одржување на здравјето на очите и кардиоваскуларниот систем, како и за ублажување на болката во коските и зглобовите.
Секој кој редовно вежба, да го намали триењето во зглобовите, да го врати мускулното ткиво и побрзо да ги лекува повредите.
Секој кој сака да ги заштити зглобовите како превенција, да го забави стареењето и да ја освежи кожата, косата и ноктите и да им даде младешки изглед.
Let's Health!
Здравје, енергија, виталност и убавина.
Comments