Метаболизмот на човекот е зависен од правилната фукција на хормоните и ензимите кој се излачуваат во рамките на одредени органи. Лачењето е секогаш зависно од одредени временски интервали односно според ритамот на ден и ноќ. Во текот на денот кога човековото тело има потреба од енергија доминантен хормон е кортизол додека во вечерните часови кога на телото му е потребен одмор и добар сон примарно место завзема мелатонинот. Мелатонин е главниот хормон на епифизата кој се лачи исклучиво во вечерните часови. Хормонот се ослободува директно во крвотокот и цереброспиналната течност, и има слободен пристап до секоја клетка на човековото тело бидејќи е растворлив во масти. Својата максимална концентрација ја достигнува помеѓу 2 и 4 часот во текот на ноќта, додека во текот на втората половина од ноќта доаѓа до постепено опаѓање.
Најчести состојби на недостаток на мелатонин имаат лица кои работат во ноќни смени, при патување и промени во временските зони (jet lag), слепи лица, лица со ноќна хипертензија, алцхајмерова болест, деца со нарушен развој. Стареењето, присуство на одредени болести, земањето на одредени лекови влијаат на лачењето на мелатонин и се поврзани со нарушувања на сонот.
Ваквите состојби со слаб квалитет на сонот се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни, метаболички и когнитивни заболувања. Здравиот и квалитетен сон е наопходен за целокупното човеково здравје. Поради тоа земањето на мелатонин претставува мудар избор за добар сон.
Количините на мелатонин во храната се занчително мали, па поради тоа неговиот недостаток не може да се дополни преку храна. Најсоодветно решение при недостаток на мелатонинот е преку суплементација.
Melatonin SM спреј е нов иновативен производ на Doc pharma, кој се препорачува кај популација која има проблеми со квалитетот на сонот. Предноста која ја има овој производ се должи на нанотехнологијата која овозможува брза апсорпција и дејство за само 10-15 мин по распрскувањето што овозможува квалитетн сон и функционалност и будност наредниот ден.
References:
Zhdanova I.V & Tucci V. (2003). Melatonin, Circadian Rhythms, and Sleep. Article in Current Treatment Options in Neurology. DOI: 10.1007/s11940-003-0013-0, Source PubMed;
Zisapel N. (2018). New perspectives on the role of melatonin inhuman sleep, circadian rhythms and the irregulation. British Journal of Pharmacology 175 3190–31 99 3190;
Let's Health!
Здравје и енергија, виталност и убавина.
Comments