top of page
Writer's pictureХЕЛТИКА ФАРМ

Појадок во Тифани, смути од милион карати!

Updated: Nov 4, 2021

Појадокот е првиот оброк во ден, најчесто се јаде-консумира во раните утрински часови, пред да се превземат обврските кои ги носи денот. Појадок најчесто се нарекува “најважен оброк на денот”, но за жал, многу луѓе немаат време да подготват здрав појадок. Ако сте кратки со време, или пак едноставно сакате нешто поинакво за појадок, свежо цедените сокови или смути, овозможуваат едноставен начин за подготовка на појадок, кој ја содржи целата нутриција која ви е потребна за да го започнете денот. Следниот рецепт за утринско смути ќе ви овозможи да ја зголемите енергијата, што ќе ве одржи во текот на денот. Исто така, тоа е многу добро за вашата кожа, зглобовите и општо за вашето здравје.


Денес ви препорачуваме да подготвите кремасто смути од авокадо збогатено со Doc Hyaluronic 95% чиста хијалуронска киселина, за здрава и сјајна кожа, здрави зглобови и коски. Ова смути е многу лесно и брзо за подготовка, се што ви треба е:

  • 1 авокадо,

  • 1 банана,

  • 1 чаша боровинки,

  • 1 чаша кокосово млеко,

  • ½ чаша павлака или јогурт,

  • Парче ѓумбир,

  • 7 капки Doc Hyaluronic,

  • 1 чаша коцки мраз.

Во блендер прво го ставате кокосовото млеко, павлаката или јогуртот и коцки мраз, и се мешајте се додека не се изедначи смесата, односно се додека мразот не се искрши на ситни парченца. Додадете го авокадото и останатите состојки и повторно се мешајте додека не се добие хомогена смеса. Сервирајте во голема чаша и додадете 7 капки Doc Hyaluronic. Послужете (пијте) веднаш.

Ова смути му дава на вашето тело енергија што му е потребна, бидејќи е полно со неверојатни витамини и хранливи материи.


Doc Hyaluronic Acid, 95% чиста хијалуронска киселина, произведенa по пат на Био-ферментација на микроорганизми и не содржи животински елементи.

Doc Hyaluronic представува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење кој се одликува со висока молекуларна тежина од ~ 1.500.000 Далтони, што овозможува брза апсорпција и висока ефикасност во организмот. Хијалуронската киселина внесена орално во најголем процент завршува во кожата и зглобовите. Хијалуронска киселина допринесува за длабока хидратација и еластичност на кожата, здраво функционирање на зглобовите, анти-воспалително дејство. Подобрување на функцијата на мускулно-скелетен систем.

Doc Hyaluronic Acid е корисен во следниве телесни функции:

Мускулно-скелетен систем

  • Ги подмачкува зглобовите, со што се намалува триењето и ја подобрува нивната мобилност.

  • Ги штити зглобовите, мускулите и ‘рскавицата против стареењето.

  • Ги апсорбира вибрациите што се јавуваат за време на вежбањето, и додека зглобовите се движат воопшто.

  • Го намалува воспалението со ублажување на болката.

Кожа

  • Дава влажност на кожата и притоа и овозможува младешки изглед,.

  • Ја зголемува еластичноста на кожата.

  • Спречува настанување на брчки.

  • Помага да се создаде ново ткиво со спречување на лузни.

  • Помага за заздравување на раните.

Очи

  • Обезбедува влага во очите и им помага да останат чисти, подмачкани и здрави.

Кардиоваскуларен систем

  • Може да допринесе во навлажнување и подмачкува срцеви залистоци.

Doc Hyaluronic Acid се препорачува на:

  • Секој кој има проблеми со зглобовите. Жените во менопауза кои чувствуваат замор или болка во зглобовите.

  • Секој постар од 50 години, за одржување на здравјето на очите и кардиоваскуларниот систем, како и за ублажување на болката во коските и зглобовите.

  • Секој кој редовно вежба, да го намали триењето во зглобовите, да го врати мускулното ткиво и побрзо да ги лекува повредите.

  • Секој кој сака да ги заштити зглобовите како превенција, да го забави стареењето и да ја освежи кожата, косата и ноктите и да им даде младешки изглед.

Let's Health!

Здравје и енергија, виталност и убавина.

82 views0 comments

Comments


bottom of page