Ликопенот е каротеноид - природен пигмент кој на некои зеленчуци и овошја им дава црвена боја. Тоа е антиоксиданс (супстанција која штити од оштетување на клетките). Доматите обезбедуваат околу 80% од ликопенот во американската исхрана. Доматите обработени со висока топлина содржат ликопен во форма што е поупотреблива од телото отколку во суровите домати; сепак, термичката обработка може да уништи други хранливи материи како што се бета-каротен, витамин Ц и витамин Е.
Ликопенот е каротеноид природно содржан во црвено овошје и зеленчук преку кој доаѓа и бојата на плодот. 10 најпознати овошја и зеленчуци кои содржат ликопен се доматот, црвената зелка, гуаравата, грејпфрут, папаја, црвени пиперки, лубеница, јапонско јаболко, манго и аспарагус. Најзначаен претставник на ликопенот е доматот (Solanum lycopersicum L.), затоа производите од домати содржат најголемо количество ликопен. Ликопенот е хранлива сосотојка која се содржи наповеќе во храната која е термички преработена поради тоа кечапот, сокот од домати и сосот за пица се сметаат за најголеми извори на ликопен во исхраната. Покрај тоа што не постои точна препорака за дневна доза на ликопен, експертите генерално препорачуваат од 2 до 30 милиграма ликопен дневно.
За овој моќен црвен каротеноид науката потврдила дека е поврзан со многу здравствени придобивки, вклучувајќи превенција и заштита од болести а како најзначајни забележани се следниве:
Моќен антиоксидат
Една од најголемите придобивки на ликопенот е неговото антиоксидативно својство. Влијанието се состои во балансирање на активноста на слободните радикали во телото и на тој начин го штитат телото од одредени болести, ја одржуваат цврстината на коските и ја помогнат острината на видот превенирајќи во спречување катаракта, макуларна дегенерација и други нарушувања на очите поврзани со стареењето.
Чувар на машкото здравје
Позитивното дејство од консумирање на храна богата со ликопен е докажано е дека го намалува ризикот од заболување на рак на простата, а исто така тој може да ја подобри плодноста кај мажите подобрувајќи ја морфологијата и мобилноста на сперматозоидите. Поради својот антиоксидативен профил, ликопенот може да го запре растот на ракот и да изгради ензими во телото кои помагаат во разградувањето на агенсите кои предизвикуваат рак.
Одговорен за здравјето на срцето
Антиоксидативните својства на ликопенот имаат способност да го намалат ЛДЛ (лошиот) холестерол а да го зголемат нивото на ХДЛ (добриот) холестерол. По консумација на храна која содржи ликопен има својство најдолго да се задржува во крвта на човекот па од тука повисоките концентрации се поврзани и со намалениот ризик од срцев удар, запушени артерии, понизок крвен притисок и други кардиоваскуларни заболувања.
Други здравствени бенефити
Како и останатите картеноиди ликопенот има способност да ја стимулира пигментацијата на кожата изложена на сончева светлина и обезбедува природна основа за постигнување на убав тен, а истовремено намалува и здравствен ризик од негативните сончеви зраци. Витамините Е и Ц, во синергија со ликопен и бета - каротенот, придонесуваат за зачувување на виталноста, еластичноста и природната убавина на кожата.
Hasan T. & Sultana M. (2017). Lycopene and Cardiovascular Diseases: A Review of the Literature; Institute of Nutrition and Food Science, University of Dhaka, Dhaka-1000, Bangladesh ;
Ishiwu Charles N., Iwouno, Jude O., Obiegbuna James E., Ezike Tochukwu C. Effect of Thermal Processing on Lycopene, Beta Carotene and Vitamin C Content of Tomato [Var.UC82B]. Journal of Food and Nutrition Sciences. Vol. 2, No. 3, 2014, pp. 87-92
Laura A. de la Rosa Emilio Alvarez-Parrilla Gustavo A. Gonzalez-Aguilar (2010); Fruit and Vegetable Phytochemicals Chemistry, Nutritional Value, and Stability.Book Edition first published 2010
Comments