top of page
Writer's pictureХЕЛТИКА ФАРМ

Затоа што убава кожа, почнува со здрава кожа!

Updated: Nov 4, 2021

Ако сакате да го подобрите Вашиот изглед и да имате мазна кожа која е без брчки, маснотии и неправилности, престанете да трошите пари на прескапата хемиска козметика и почнете да ги користите придобивките од природни напитоци и користење на соодветни додатоци во исхраната.


Овој вкусен свежо направен сок кој Ви го предлагаме, може да има извонреден ефект врз тонот и текстурата на вашата кожа, помага во подмачкување на зглобовите, обезбедува влага во очите и го лечи и прочистува црниот дроб. Ова не е брз лек. Но, ако сакате да имате совршена кожа, единствениот долгорочен начин е, да го направите тоа е одвнатре.

Свежите сокови се природно полни со хранливи материи како антиоксиданти, ензими, минерали и витамини неопходни за здравјето на кожата, а со додавање на колаген или хиалуронска киселина, имате совршена комбинација за здрава и блескава кожа и здрави зглобови.


Еве што Ви е потребно.

  • 4 Моркови – морковите се полни со витамин А во форма на бета-каротин. Бета-каротин е моќен антиоксидант кој ги спречува клетките да се дегенерираат, помага да се забави стареењето и да се задржи младешкиот изглед.

  • 1 Цвекло – цвеклото изобилува со хранливи материи кои се од суштинско значење за здрава, блескава кожа! Хранливите материи содржани во цвеклото помагаат за прочистување на крвта и црниот дроб, а при лекување на состојби на кожата, прочистувањето на крвта е клучно. Цвеклото е многу моќно и потентно растение (корен) богато со железо, калиум, ниацин, бакар и витамин Ц, магнезиум, калциум, цинк, фолна киселина. ** ЗАБЕЛЕШКА Ако имате бубрежни камења, или други болести поврзани со бубрезите, не консумирајте сокови со цвекло **.

  • 20 листови од магдонос – магдонос е популарна билка, богата со витамини А, Ц витамин К.

  • Мало парче Ѓумбир – Ѓумбир е моќна состојка која може да се додаде во било кој сок за да се зголемат здравствените придобивки и да се засили имунолошкиот систем.

  • 1 Лимон – Лимоните се моќни агруми кои се ефикасни како храна и лекови. Тие содржат витамин Ц, лимонска киселина и Б витамини.

  • 20 мл од Doc Collagen доколку сокот го консумирате навечер или 7 капки од Doc Hyaluronic Acid доколку сокот го консумирате во било кој дел од денот.

  • Измијте ги сите состојки со ладна вода и излупете ги морковите, цвеклотот и ѓумбирот.

Во блендер ставете половина чаша вода (секогаш прво ставете вода во блендерот, ова ќе му помогне на вашиот блендер да ги обработува состојките полесно). Исечете ги морковите цвеклотот и ѓумбирот на мали парчиња и ставете ги во блендер, додајте ги листовите од магдоносот и исцедениот сок од лимонот. Измешајте ги сите состојки додека не се хомогена маса, служат во голема стаклена чаша и пред консумација додајте седум капки на хиполуронска киселина (Doc Hyaluronic Acid) или пак 20 мл од Doc Collagen.

Doc Hyaluronic Acid, 95% чиста хијалуронска киселина, произведенa по пат на Био-ферментација на микроорганизми и не содржи животински елементи. Doc Hyaluronic представува висококвалитетен додаток во исхраната за пиење кој се одликува со висока молекуларна тежина од ~ 1.500.000 Далтони, што овозможува брза апсорпција и висока ефикасност во организмот. Хијалуронската киселина внесена орално во најголем процент завршува во кожата и зглобовите.

Хијалуронска киселина допринесува за длабока хидратација и еластичност на кожата, здраво функционирање на зглобовите, анти-воспалително дејство. Подобрување на функцијата на мускулно-скелетен систем.


Doc Collagen со биоактивни колаген пептиди Peptan, збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар

Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони.


Пептидите Peptan се карактеризираат со комбинација од 18 клучни амино киселини, со особено висока концентрација на Глицин 24%, Пролин/Хидроксипролин26%, Есенцијални Аминокиселини 18%, Глутаминска Киселина 7%, Аргинин 10%, Аланин 8%.


Овој специфичен состав на аминокиселините обезбедува колаген пептиди со функционални својства кои не можат да се најдат со други протеински извори. Пептидите Peptan се биодостапни и лесно сварливи, што овозможува над 90% од колаген пептидите да се абсорбираат во телото, во рок од неколку часа од внесување (ингестијата).

Let's Health!

Здравје и енергија, виталност и убавина.


172 views0 comments

Komentar


bottom of page