top of page
Татјана Павлова, Магистер по Нутриционизам

Златно млеко подготвено за 5 минути (погодно за вегани) рецепт!

Ако сè уште не сте пробале златно млеко, верувајте пропуштате многу! Тоа е кремаст (без млечни производи), топол млечен напиток кој изобилува со многу хранливи материи.

Спој на супернамирници како што се куркума, кокосово масло, мед, млеко преточени во прекрасен топол напиток претставуваат средство кое го зајакнува имунитетот, ја подобрува дигестијата и врши детоксикација на црниот дроб.


Златното млеко е напиток кој во ајурведата и кинеската медицина се користи стотици години наназад, а кај нас постана актуелен изминативе неколку години. Ајурведанската медицина овој напиток особено го препорачува за во состојби кога е потребно ублажување на кашлицата. Куркумата се користи во ајурведската медицина илјадници години за состојби како што се проблеми со дишењето, болки во зглобовите, замор, дигестивни проблеми и многу повеќе. Современите истражувања исто така сугерираат дека куркумата е силен антиоксиданс со антимикробно и антиканцерогено дејство. Кашлицата претставува спазматична мускулна контракција која испушта слуз од телото и е акумулирана во бронхиите на белите дробови. Златното млеко има способност да ја омекне сувата кашлица, да ја разреди слузта и да го стимулира нејзиното исфрлање.


Златното млеко има кремаста структура и може да се пие самостално или пак да се додава во други јадења како што се овесните каши и слично. Влијанието му е антисептичко и антиинфламаторно и на тој начин влијае на зајакнување на имунитетот. Есента и променливото време кое го носи со себе се идеален период за консумација на овој благопријатен напиток.



10 придобивки од златното млеко:

  • Може да помогне во намалувањето на воспалението и болката во зглобовите.

  • Клучните состојки се полни со антиоксиданси.

  • Може да ја подобри меморијата и функцијата на мозокот.

  • Може да го подобри расположението.

  • Може да заштити од срцеви заболувања.

  • Може да го намали нивото на шеќер во крвта.

  • Може да го намали ризикот од рак.

  • Има антибактериски, антивирусни и антигабични својства.

  • Ѓумбирот и куркумата може да го подобрат варењето.

  • Калциумот и витаминот Д придонесуваат за посилни коски.

За да го подготвиме овој напиток, најнапред потребно е да подготвиме т.н златна мешавина, чија што постапка ви ја приложуваме во продолжение:

  • 100 гр куркума во прав (пожелно е органска).

  • 1 чајно лажиче црн бибер.

  • 1 мало лажиче цимет.

  • 1 мало лажиче ѓумбир во прав.

  • 100 гр кокосово масло.

  • 3 лажички органско какао.

  • 350 мл филтрирана вода.

Подготовка;

  1. Во соодветно тенџере се загрева куркумата, црниот пипер, циметот, ѓумбирот, какаото кокосовото масло и водата. На умерена температура со често мешање смесата крчка околу десетина минути додека не испари вишокот вода.

  2. Се отстранува тенџерето од оган и се остава да се излади 10 до 15 минути. Потоа се додава 1 лажица мед и убаво се меша заедно со смесата.

  3. Вака подготвената мешавина се чува во стаклен сад во фрижидер и може да отстои неколку недели до неколку месеци.

  4. Кога сакате да направите златно млеко, загрејте 100 -200 милилитри млеко по избор (мој избор е кокосово или бадемово), додадете една до две лажици паста од куркума и убаво се соединете со мешање.

Златното млеко можете да го консумирате после есенските прошетки, кога ви е потребно загревање, додека консумирано пред спиење ви гарантира спокоен сон, препорачливо е во состојби на сува кашлица и што е најзначајо можат да го консумираат и децата.


Наздравје!



5,651 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page