Што е колаген?
Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно.
Колагенот има комплексна структура, составена од три полипептидни синџири спакувани во тројна хеликс конфигурација. Постојат различни видови на колаген протеини пронајдени во телото, меѓу нив, тип 1, 2 и 3.
Тип 1 колаген е најчестиот колаген во телото на човекот. Приближно 90% од вкупниот колаген во телото е од тип 1 колаген. Тој е распространет во различни делови на телото, како што се кожата, тетивата, васкуларната лигатура, органите, коските и слично. Има два синџири, алфа1 и алфа2, секој од двата синџири има по околу 1050 амино киселини. Помеѓу овие 1050 како едни од поважните би ги спомнале глицин, пролин, аланин и хидроксипролин. Колагенот помага во одржување на поцврста и мазна кожа, го забавува губењето на косата и може да допринесе во нејзино згуснување, може да допринесе во подобрување на циркулацијата, го поттикнува производството на глицин што допринесува за градење на чиста мускулна маса и согорување на маснотиите за време на спиењето, помага за одржување на здрави зглобови и коски, како и подобрување на имунолошкиот систем.
Зошто да се надополнува колаген со додатоци во исхрана, ако веќе природно се јавува во телото на човекот?
Со текот на времето, идеалните нивоа на колаген кое се произведува по природен пат, почнува да се намалува. Колагенските влакна се распаѓаат или повеќе не се регенерираат, а ова доведува до “дефлација” на површината на кожата. Истражувањата покажуваат дека до 40-годишна возраст, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. Со 60-годишна возраст, тој е намален за повеќе од 50%.
Клиничките испитувања покажуваат дека употребата на колаген пептид како додаток во исхрана за надополнување на нивото на колаген, значително ја зголемува хидратацијата на кожата по 8 недели од внесувањето (редовно користење). Густината на колагенот во дермисот значително се зголеми и фрагментацијата на дермалната колагенска мрежа значително се намалува после 4 недели од користење на додатоци во исхрана со колаген. Двата ефекти опстојуваат и до 12 недели, по престанок на користење на додатоци во исхрана со колаген.
Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.
Надополнување на колагенот во човечкотот тело.
Нашите предци внесувале големо количество на колаген, како природен начин на живот, бидејќи нивната традиционална диета инкорпорирала јадење на речиси целото животинско. Едноставно кажано, тие јаделе многу животински делови, како што се кожата, тетивите, коските и лигаментите. За Ваша среќа, денес не треба да изедете целото животно или пак животински делови, за да го зајакнете и надополните колагенот во вашето тело. Денеска постојат многу додатоци во исхрана, кои се наменети за надополнување на изгубеното ниво на колаген.
Doc Collagen со биоактивни колаген пептиди Peptan, збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар
Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони.
Пептидите Peptan се карактеризираат со комбинација од 18 клучни амино киселини, со особено висока концентрација на Глицин 24%, Пролин/Хидроксипролин26%, Есенцијални Аминокиселини 18%, Глутаминска Киселина 7%, Аргинин 10%, Аланин 8%.
Овој специфичен состав на аминокиселините обезбедува колаген пептиди со функционални својства кои не можат да се најдат со други протеински извори. Пептидите Peptan се биодостапни и лесно сварливи, што овозможува над 90% од колаген пептидите да се абсорбираат во телото, во рок од неколку часа од внесување (ингестијата).
Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Тоа е “лепак” кој помага да се одржи телото заедно. Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди), нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.
Колагенот придонесува во:
Придонесува во одржување на поцврста, сјајна, мека, еластична и мазна кожа,
Придонесува во зголемување на хидрацијата на кожата за 28%, намалување на микробразите за 26% и зголемување на еластичноста на кожата за 19%,
Придонесува во регенерација и зараснување на тетивите и на лигаментите,
Придонесува за одржување на здрави зглобови и коски,
може да поттикне зголемена синтеза на хондроцити ('рскавични клетки), што доведува до зголемено производство на агрекан и колаген тип 2, двете главни компоненти на' рскавицата. Ова може да ги редуцира деградирачките ефекти на 'рскавицата при остеоартрит.
Придонесува во намалување на болката и симптомите кај состојби на остеопороза ги стимулира остеобластите, се враќа природната еластичност и цврстина на коските,
Придонесува спречување на негативните ефекти на саркопенија (губење на мускулната маса),
Придонесува за одржување на здрави нокти и здрава и цврста коса,
Придонесува во подобрување на имунолошкиот систем,
Придонесува во подобрување на циркулацијата.
Doc Collagen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење наменет за возрасни лица со извонреден вкус на јагода и не содржи шеќер, засладен со Стевија.
Let's Health!
Здравје, енергија, виталност и убавина.
Comments