Услови за користење
Оваа веб-страница е во сопственост и е управувана од ХЕЛТИКА ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, со адреса Ул. Веле Марков бр. 1/5 - Скопје, Р. Македонија. Ние сме регистрирани како компанија во Република Македонија и можете да не контактирате користејќи го телефонскиот број или адресата за е-пошта што се наоѓаат на нашата страница за контакт.
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ХЕЛТИКА ФАРМ ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот.
Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ХЕЛТИКА ФАРМ, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.
Во одредени текстуални секции на веб страницата, ќе наидете на термините "ние", "нас" и "наши" кои се однесуваат на ХЕЛТИКА ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ. ХЕЛТИКА ФАРМ ја нуди оваа веб-страница, вклучувајќи ги и сите информации, алатки и услуги достапни од оваа веб-страница за Вас, корисникот, условени со прифаќањето на сите услови, политики и известувања наведени овде или наведени на друго место на нашата бев страна или Е-продавница. Ве молиме прочитајте ги овие Услови за користење (Нашата посветеност кон приватноста на нашите клиенти, Вашата безбедност - наш приоритет и општи услови на користење) пред да пристапите или да користите нашата веб-страница.
Со посета на нашата страница и / или купување во нашата Е-продавница, Вие се согласувате со условите за користење и Безбедност на податоците. Ние го задржуваме правото да го ажурираме, смениме или замениме кој било дел од овие Услови за користење преку објавување на ажурирања и / или промени на нашата веб-страница. Со давање на согласност со условите за користење Вие потврдувате дека сте на возраст од 18 + години.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
ОПШТИ УСЛОВИ
Ние го задржуваме правото да одбиеме да дадеме Услуга или продадеме производ, на било кој купувач поради било каква причина во секое време.
Превземањето на информации, податоци слики и видео материјал, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на ХЕЛТИКА ФАРМ е забрането. Вие се согласувате да не репродуцирате, копирате, продавате, препродавате било кој дел од Нашата веб-страна, без писмена дозвола од нас.
Безбедност на податоците.
1. Нашата посветеност кон приватноста на нашите клиенти:
Ние ја почитуваме Вашата приватност.
Ние продаваме високо квалитетни додатоци во исхрана, а НЕ податоци.
Ние никогаш нема да Ви испратиме несакани маркетинг материјали, или материјали со несоодветна содржина.
За да ви дадеме подобра услуга и да дозволиме да складираме информации за содржината на вашата кошничка, ние користиме колачиња.
Кога ќе ни дадете лични податоци за да завршите трансакција, Вие се согласувате со условите на користење, а ние се обврзуваме да ги користиме Вашите податоци исклучиво за намената за која се внесени (завршување на нарачка, испорака на производи и сл.).
За да овозможиме испорака на производите што сте ги купиле потребно е да се внесат соодветни лични податоци Вашето име и презиме, адреса, телефонски број, е-пошта и детали за купување. Освен нашиот партнер за е-трговија, платформата за процесоирање на плаќањето, партнерите за испорака, ние никогаш не ги испраќаме вашите податоци на која било трета страна.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност и Услови за користење.
Податоците кои ги собираме и чуваме, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија. Компанијата го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
2. Вашата безбедност - наш приоритет.
Ние сме еден од ретките компании кои продаваат додатоци во исхрана во своја Е-продавница во Македонија, кои на нашите клиенти им нудат сигурност и сигурност на веб-страницата на HTTPS. SSL е кратенка од Secure Sockets Layer и представува, технологија за одржување на интернет конекција и зачувување на чувствителни податоци што се праќаат помеѓу два система, спречувајќи криминалците да читаат и менуваат какви било информации што се пренесуваат, вклучувајќи ги и потенцијалните лични податоци. Со други зборови кажано кога сте на нашата веб страна комуницирате само Вие со нашиот сервер и никој друг. Ова можете сами да го потврдите со погледот и безбедноста на иконата во горниот лев агол на вашиот екран во делот за внес на адреса во Вашиот интернет прелистувач. Нашата веб адреса секогаш ја има наставката HTTPS - https://www.healthicapharm.com.
Овој безбедносен стандард, гарантира дека:
-
Вашата сесија на пребарување е безбедна.
-
Вие се комуницирате со вистинска, сертифицирана и сериозна компанија.
-
Информациите што ги добивате онлајн потекнуваат од очекуваниот извор.
-
Сите лични податоци или детали за плаќањето што ги праќате се шифрирани и се пренесуваат во заштитен и затворен “тунел”.
Нашата продавница за електронска трговија е хостирана од нашиот партнер за е-трговија wix.com, кој поддржува повеќе од 68 000 000 (шеесет и осум милиони) Е-продавници, хотели, веб страници на интернет од цел свет. Тие ни нудат онлајн платформа која ни овозможува да ги продаваме и прикажеме нашите производи за вас. Вашите податоци се зачувуваат на нивните безбедни мрежи зад заштитниот ѕид.
Кога плаќањето со Вашата кредитна или дебитна картичка, податоците за Вашата картичка се шифрираат и кодираат преку стандардот за безбедност на податоци за индустријата за платежни картички (PCI-DSS) и се испраќаат преку платежен портал за овластување. Податоците за вашата картичка се чуваат се додека не се заврши трансакцијата односно се додека плаќањето не е одобрено од Вашата банка. По завршување на трансакцијата, информациите за Вашата картичка се бришат.
Центарот за обработка на картички кој ние го користиме, се придржува до стандардите поставени од Visa, MasterCard и American Express. Овие стандарди помагаат да се обезбеди сигурно ракување со информациите за вашата кредитна или дебитна картичка. Ние, ХЕЛТИКА ФАРМ ДООЕЛ Скопје, никогаш не може да ги видиме податоците од Вашата дебитна или кредитна картичка.
Ние никогаш нема да побараме од Вас, да ни ги доставите Ваши податоци за плаќање (кредитна или дебитна картичка) по електронска пошта, смс порака, порака на социјални мрежи и слично.
Рекламации и поплаки.
Ако не сте задоволни со производите и услугите што Ви ги доставуваме, Ве молиме јавете ни се или пратете ни е-пошта и кажете ни што недостасува.
Доколку сметате дека производот кој сме Ви го испорачале е неисправен или има некаков недостаток или дефект, а штетата не е предизвикана од Вас, треба да нè известите што е можно поскоро по добивање на производот, со користење на телефонскиот број или адресата на е-пошта дадени на нашата страница за контакт. По утврдување на фактичката состојба, ќе донесеме одлука за замена на производот, само во ситуација доколку станува збор за фабричка грешка (ова е малку веројатна ситуација, бидејќи сите производи пред да бидат доставени до крајниот купувач, детално се проверени).